Оваа година Кина е државата со најмногу новинари кои се во затвор, се вели во извештај на Комитетот за заштита на новинарите.
Во 2014 година 220 новинари во светот биле лишени од слобода.Тоа се должи на главно на засилувањето на авторитарното управување во држави како Кина, Етиопија, Мијанмар и Египет.
Во Кина оваа година во затвори се 44 новинари додека лани таа цифра била 32. Освен тоа, Пекинг ограничил работа на претставници на светски агенции и не давал визи за странски новинари.
Во Иран оваа година во затвор се 30 новинари додека во Турција зад решетки се седум новинари. Кон голем број новинари во таа држава се уште се води судски процес.
Околу 20 новинари кои се водат како исчезнати во Сирија веројатно се киднапирани од Исламска држава, јави ДПА.