Двајца Египќани и една Либанка се уапсени на аеродромот во шведскиот град Малме, бидејќи превезувале со приватен авион илегални имигранти, јави анонимен полициски извор.
Авионот „Цесна“ на египетска компанија пристигнал од Бејрут со десетина имигранти, од кои најмалку двајца од Сирија. Тие се предадени на имиграциските власти.
Шведска е единствената европска земја што обезбедува периодично право на азил за Сиријци, кои бегаат од конфликтот во Сирија. Годинава во земјата пристигнале околу 80 илјади имигранти, во најголем дел по копно и вода.