Чавушоглу: Турција не ја прифаќа острата критика од ЕУ

Од:

Турција не ја прифаќа острата критика од Европската унија за полициската акција против опозициските новинари и оценува дека тоа е во спротивност со „искрениот процес“ за приближување меѓу Брисел и Анкара, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

– Може да се алармира по повод приведувањето на новинарите и да се упати апел за транспарентен судски процес. Ние не можеме да прифатиме толку остра критика кон Турција и кон Владата. Директната остра критика и заканите водат кон неуспех на преговарачкиот процес и не можеме тоа да го оцениме како искрен чекор. Сакаме членство во ЕУ и да ги забрзаме преговорите. Во последните 12 години реализиравме суштествени реформи во областа на слободата на медиумите и слободата на изразувањето, посочи Чавашоглу.

Во неделата ЕУ остро реагираше поради апсењето на повеќе од 20 новинари под сомнение дека се поврзани со движењето Хизмет на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД. ЕУ истакна дека полициските акции врз медиумите во Турција не се во согласност со слободата на говорот и се во спротивност на европските вредности.

По реакцијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од ЕУ да не се меше во внатрешните работи на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ