Три филмови за филмската награда „Лукс“ на Европскиот парламент

Од:

Европскиот парламент утре на свечена сесија ќе ја додели филмската наградата „Лукс“, со која се слави богатството и разноличноста во европскиот филм, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Ланската година оваа награда ја доби филмот The Broken Circle Breakdown на белгискиот режисер Феликс ван Гроенинген. Годинава во финалето се најдоа три филмови

Наградата „Лукс“ (Светлина) заслужено го носи тоа име, бидејќи дозволува да се откријат трите филмови финалисти на публиката во сите земји членки. Имено наградата се состои во превод и титловљње на филмовите на сите официјални јазици на Европската Унија, како и прилагодување на филмовите за лицата со оштетен слух и вид.

Годинава беа номинирани :

– Банда девојки, на Селин Скиама – Франција,
– Одделенски непријател, на Рок Бичек – Франција,
– Ида, на Павел Павликовски – Полска, Данска
– Убава младост, на Џеми Росалес – Шпанија
– Чудата на Алис Рохрвашер, Италија, Швајцарија, Германија
– Макондо (Малиот човек) на Судабех Мортезаи, Австрија
– Станиците на крстот, на Дитрих Бругеман, Германија
– Бел Бог на Корнел Мунруцзо – Унгарија, Германија, Шведска
– Ксенија на Панос Х.Кутрас – Грција, Фрнција, Белгија

За наградата во трката остануваат: Банда девојки, на Селин Скиама – Франција, Одделенски непријател, на Рок Бичек – Франција и Ида на Павел Павликовски – Полска, Данска.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ