Повластено користење автобус за лица со посебни потреби

Од:

Советот на Град Скопје, на предлог на Градоначалникот на Град Скопје, на седницата одржана на 02 декември 2014 година, изгласа програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на Град Скопје.

За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2015 година, заинтересираното лице со посебни потреби, поднесува барање до здружението на граѓани во кое членува.

Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели што ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на легитимации, треба да го достават до Градот Скопје, најдоцна до 16 јануари 2015 година.

За дополнителни информации, претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297 – 321, во периодот од 9 до 15 часот.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски