Емили О’Рajли нов омбудсмaн на ЕУ

Од:

Европратениците на денешната пленарна сесија со големо мнозинство за нов омудсман на ЕУ ја избраа Ирката Емили О’Рајли, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Мандатот на О’Рајли ќе трае за време на законодавниот мандат на Европскиот парламент, односно од 2014 до 2019 година. Таа беше единствен кандидат за оваа функција и доаѓа на местото на Никифорос Дијамандурос, кој заминува во пензија

Омбудсманот на ЕУ води истраги за случаите на лошо управување од страна на органите и институциите на Европската Унија. Жалбите до него можат да бидат поднесени и од европските граѓани, жителите на државите-членки, претпријатија и здруженија на граѓани, чии седишта се наоѓаат во ЕУ.

Во 2013 година, бирото на евроомудсманот доби 2.420 жалби, а 23.245 граѓани на ЕУ им била укажана помош во нивните постапки со совети или информации.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Емили О’Раjли нов омбудсман на ЕУ

Од:

Новиот омбудсман на ЕУ Емили О’Рајли од утре ја презема функцијата, соопшти денеска Администрацијата на европскиот народен правобранител.

Согласно одлуката на Европскиот парламент од јули, О’Рајли ќе го замени Никифорос Диамандурос, кој на оваа европска функција беше над 10 години.

– Расте поделбата во Европа, се намалува довербата на граѓаните во европските институции и многумина мислат дека нивниот глас не се слуша, коментираше О’Рајли, по повод стапувањето на должноста.

Таа ветува дека ќе работи за добивање потранспарентна и поефикасна европска администрација.

Новиот омбудсман изрази намера да соработува со Европарламентот и активно да се ангажира Европската комисија и другите европски институции да ги штитат правата и интересите на граѓаните.

Секоја година омбудсманот на ЕУ добива околу 2.500 жалби од граѓани, фирми, невладини организации, универзитети, општини, по кои отвора над 450 истраги. Повеќето од нив се темелат на жалби од недостиг на транспарентност во работата на европските институции и на одбивања да се даде пристап до документи или до информации. Другиот дел од случаите се поврзани со проблеми со европските програми или проекти, дискриминација и судир на интереси во администрацијата на ЕУ.