Десетици фудбалски навивачи во Турција ќе бидат изведени пред суд по обвиненија за обид за пуч за време на масовните протести минатата година во кои и тие учествувале.
Вкупно 35 навивачи се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни по обвиненијата кои се движат од – обид за симнување на Владата до – примена на насилства и сила.
Судењето што почнува денеска е нов пример за пресметка на претседателот Реџеп Таип Ердоган со неистомисленици, јавуваат западни медиуми.
Стотици фудбалски навивачи се собраа пред зградата на судот во Истанбул во знак на поддршка за обвинетите. Масовни антивладини протести почнаа во Турција во јуни 2013 година поттикнати од плановите на Владата да го преуреди паркот Гези што се наоѓа во близина на главниот плоштад Таксим во Истанбул.