„Табернакул“ прославува четврт век постоење

Од:

Издавачката куќа „Табернакул“ денеска слави 25 години постоење и за роденденот ќе промовира повеќе наслови од неколку познати автори.

Во киносалата „Фросина“ вечер ќе бидат претставени четири изданија од Михаил Ренџов: „Апокалипса“, „Псалми“, „Тој/Предвесница“ и „Вечната бесконечната“, за кои ќе говори Владимир Георгиевски.

Два нови наслова од Ферид Мухиќ – „Филозофи утешители (втор дел) – Аристотел“ и „Загарите на невидливиот ловец“, кои ќе ги промовира Ана Димишковска, како и два наслова од Венко Андоновски – „За секого има по една“ и „Падот на Масада“, за кои ќе говори Бранко Ставрев.

По промоцијата на изданијата во „Фросина“, во холот на Младинскиот културен центар неколку познати личности од културата ќе зборуваат за издавачот „Табернакул“, а во галеријата на МКЦ ќе биде одигран дел од претставата „За секого има по една“ на Венко Андоновски

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска