Јапонските власти наредија денеска уништување на 4.000 пилиња од фарма на запад во државата поради појава на птичји грип.
Сопствениците на фармата во Мијазаки откриле птичји грип кај живината откако во неделата ненадејно угинале 20 пилиња.
Тоа е прв случај на птичји грип на живинарски фарми во Јапонија од април оваа година, но во ноември беа пронајдени угинати две диви птици со тој вирус. Во април беа уништени 110.000 живина за два дена.