Промоција на книгата „Енвер Хоџа“ од Бленди Февзиу

Од:

Книгата „Енвер Хоџа“ од Бленди Февзиу ќе биде промовирана вечерва, во 19 часот, во ГЕМ клубот во Стара чаршија.

Ова издание на Фондација Отворено општество – Македонија, ќе ја промовираат Љубомир Данаилов Фрчкоски, Мерсел Биљали и Владимир Милчин.

„Енвер Хоџа“ претставува прва биографија заснована на документи од личната архива и на исповедите на оние што го познаваа. Тој беше диктаторот што ја изолира Албанија, човекот кој со никого не ја сподели власта во текот на повеќе од 40 години и оној што го искреира најрепресивниот политички режим во Европа.Енвер Хоџа, многу години по ред, ѝ ја наметнуваше на историјата својата верзија. Тој бесрамно ги преиначи настаните, избриша или ликвидира многу ликови за да воздигне во историјата само еден единствен лик: својот сопствен. Поинаку од многуте други диктатори, тој не само што ја лажираше историјата со елиминирање на сведоците и на луѓето кои беа покрај него, како и на сите оние што не ги поддржуваа неговите измислици, туку оваа елиминиција и лажирање ги започна мошне рано: и тоа не тогаш кога се искачи на пиедестал, ниту тогаш кога стана најмоќниот човек во земјата, туку уште во првите години од својата кариера во Комунистичката партија на Албанија, уште додека е во илегала, уште додека трага и пред да ја има власта што ќе ја присвои подоцна.

По 90-тите години на 20 век, за да ја прикажат вистината за Енвер Хоџа, за да ја отсликаат неговата кариера онаква каква што навистина била, раскажувачите често влетуваа во стапицата да се надмине целта – тој да се оцрнува без причина и заради мемоаристиката диктирана од дневните настани. Тие ќе се напрегнат да го симнат Енвер Хоџа од сите пиедестали, поттикнувајќи ги основните прашања: Дали тој бил вистински комунист? Дали бил челник на Партијата или таа му послужила само колку да ја преземе власта во свои раце? Речиси никој од нив не поседуваше бистрина да сфати дека сево ова и не е толку важно: Енвер Хоџа му се наметна на комунистичкото движење, ги употреби несогласувањата во неговите редови, со исклучителен талент се движеше меѓу видните лидери на времето, ја придоби нивната доверба, им се наметна, стана челник, за потоа, еден по еден, да ги елиминира“, се наведува во соопштението за промоцијата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска