Поради магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патиштата во Битола, Прилеп, Скопје, Куманово, Тетово, Кочани, Струмица, Гевгелија, Сарамзалино, Павлешенци, како и на патните правци Велес-Скопје и Велес-Штип, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.