Ердоган: ЕУ да си ја гледа својата работа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска, на Европската унија, која го критикуваше за масовните апсења на претставниците на опозициските медиуми во Турција, и порача да си ја „гледа својата работа“.

– Европската унија не може да се меша во мерките… преземени во согласност со владеењето на правото против елементите кои ја загрозуваат нашата национална безбедност, рече Ердоган во ТВ обраќањето, првото по вчерашните апсења.

– Треба да си ја гледаат својата работа, додаде тој.

Како што наведуваат британските медиуми, Ердоган изјави дека рациите во медиумите блиски до муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, биле дел од неопходниот одговор на „валканите операции“ на политичките непријатели и ги отфрли критиките на ЕУ.

– Тие зборуваат за слобода на печатот, но рациите немаат ништо со тоа… Ние не и браниме на ЕУ за тоа да зборува, дали ЕУ не прифаќа како членка или не, немаме такви грижи. Ве молам задржете ја својата мудрост за себе, рече турскиот претседател.

Турската полиција вчера почна операција на апсења на следбеници на ривалот на Ердоган, имамот Ѓулен, извршувајќи рации во 13 градови ширум Турција, вклучувајќи го и Истанбул, а повеќе од 20 лица се уапсени, меѓу нив и новинари, извршни директори, продуценти и телевизиски пица блиски до Ѓулен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ