Груевски: Изготвивме системско решение за лекување ретки болести

Од:

По примерот на европските земји, Владата изготви системско решение со кое се предвидуваат средства наменети за финансирање на лекување ретки болести. Средствата ќе се обезбедуваат преку одвојување дополнителен еден денар од кутија купена цигари предвидено со измени во Законот за акцизи.

Ова го објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

– Предизвикот со лекување на пациентите со ретки болести е светски предизвик. Иако погодуваат 1 на 2.000 лица, сепак, тие засегнуваат голем број лица и семејства, имаат големо влијание на животот… Наша задача е да се трудиме да бараме начини за надминување на предизвикот, да дадеме поддршка на семејствата, заедно да се бориме за здравјето на нашите сограѓани. Наше е да најдеме начин на финансирање на таа борба, со соодветен обем и на соодветен начин. Изготвивме системско решение, и по примерот на европските земји, со измени во Законот за акцизи, предвидуваме дополнителен еден денар по кутија купени цигари да се издвојува како средства исклучиво наменети за финансирање на лекување на ретките болести, односно средства за третман лекување на лицата со ретки болести во Република Македонија, наведува премиерот Груевски.

Проекциите, како што додава, се дека тие средства ќе изнесуваат околу 250 милиони денари годишно.

– Да продолжиме да се бориме заедно, борбата на секој еден наш сограѓанин е борба на сите нас, наведува Груевски.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка