Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Петер Соренсен, кој кратко времe беше емисар на Унијата во нашата земја, рече дека 2020 година е реален рок за влез на БиХ во европското семејство. Услов е само босанските политичари да почнат да ги спроведуваат неопходните реформи.
Ако се погледне искуството на земјите од регионот, Словенија и Хрватска, не грешат оние што зборуваат за влез на Босна и Херцеговина во ЕУ во 2020 година. Искуството на двете екс југословенски републики, нивниот систем кој горе долу е сличен, како и две и пол години колку што е потребно за изработка на студијата за изводливост, 2020 ја дефинираат како реална година за босанското членство во ЕУ, анализира Петер Соренсен.