Собранието ќе ја одржи 25. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 25. седница.

На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за заштита на културното наследство, Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за Централен регистар, Законот за домување, Законот за угостителска дејност и Кривичниот законик, сите во прво читање.

Собранието ќе расправа по предлог законите за издавачка дејност, за одредување на видот и одмерување на висината на казната, за просторно и урбанистичко планирање и за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, сите во прво читање.

По скратена постапка пред пратениците се предложени измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, Законот за процена, Законот за здравственото осигурување, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

На дневен ред на седницата се ратификации на повеќе договори со владите на други земји, како и повеќе предлог одлуки меѓу кои за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и Предлог програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски