Могерини и Хан: Апсењата на новинари во Турција спротивно со слободата на медиумите

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, предмалку ги осудија полициските акции и апсењето на новинари во Турција.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заедничкото соопштение до медиумите, Могерини и Хан посочуваат дека полициските рации и апсења на голем број новинари и претставници на медиумите во Турција се во спротивност со слободата на медиумите, што велат дека е основен принцип на демократијата.

– Очекуваме дека принципот на презумпција на невиност ќе надвладее и се повикуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај со било-какво наводно погрешно работење, со целосно почитување на правата на обвинетите – наведува европскиот двоец за случувањата ан Босфорот.

Могерини и Хан потсетуваат дека немирите во Турција доаѓаат само неколку дена по посетата нивната посета на земјата, заедно со комесарот за Стилијанидис, каде беше нагласена важноста на односите ЕУ-Турција, па посочуваат дека оваа операција е спротивна на европските вредности и стандарди од кои Турција сака да биде дел.

– Секој понатамошен чекор кон пристапување со секоја земј- кандидат зависи од целосното почитување на владеењето на правото и основните права. Ние ќе ја пренесеме нашата загриженост за ова пред Советот за општи работи, кој ќе разговара во вторник за политиката на проширување, вклучувајќи ја и Турција. Очекуваме дека силната посветеност на ЕУ, ветена од нашите турски колеги за време на нашата посета, дека ќе биде преведена на дела – децидни се во пораката Високата претставничка и комесарот за соседство на Унијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ