Бугарската Влада ги одложи реформите на пензискиот систем

Од:

Бугарскиот министер за труд и социјална политика Ивајло Калфин ги прифари аргументите на синдикатите и се согласи на продолжување на преговорите за реформата на пензискиот систем до 31 март 2015 година, јави БТА.

Како што соопшти бугарското Министерство за труд и социјална политика, ваквиот договор бил постигнат на денешната средба на Калфин со претставници на синдикатите.

На средбата е потпипшан Меморамдум за разбирање, со кој бугарската Влада се обврзува дека во текот на 2015 година нема да има ново зголемување на старосната граница за заминување во пензија.

Со Меморандумот е утврдено дека во текот на идната година старосната граница за заминување во пензија ќе се зголеми за четири месеци, како што е предвидено со актуелниот закон и се остава простор за преговори за решавање на спорните прашања до крајот на март.

Владините најави за реформи во пензиксиот систем и за зголемување на старосната граница за заминување во пензија, изминативе денови предизвикаа масовни протести низ бугарските градови во организација на водечките синдикати.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална