Во Јапонија денеска се одржуваат предвремени избори за членови на Долниот дом на Парламентот, на кои се очекува убедлива победа на владејачката конзервативна Либерално демократска партија (JMT) на премиерот Шинѕо Абе.
Предвремените избори беа распишани на иницијатива на премиерот Абе, кој побара нов мандат за спроведување на неговата економска програма, во очекување ЈМТ да освои големо мнозинсттво во Парлментот.
Анкетите покажуваат дека ЈМТ може да се надева на меѓу 37 и 41 отсто од гласовите на денешните избори, далеку пред опозициска центристичка Демократска партија (МТ), која ужива поддршка на околу 14 проценти од избирачите.
Се очекува ЈМТ заедно со нејзиниот сегашен коалициски партнер, религозната партија Комеито, да обезбеди двотретинско мнозинство во новиот состав на Парламентот.
Абе дојде на власт пред две години ветувајќи заживување на економијата, но досега не успеа целосно да ги исполни ваквите свои предизборни ветувања.