Избегнат судир на руски ловец и патнички авион над Шведска

Од:

Шведските власти денеска соопштија дека во воздушниот простор над јужна Шведска бил избегнат судир меѓу руски ловец и комерцијален авион, што полетал од данскиот главен град Копенхаген.

Претставникот на шведското Воено воздухопловство, генерал мајор Микаел Биден изјави дека рускиот ловец ги имал исклучено транспондерите, со помош на кои воените авиони стануват видливи за цивилните контроли на летање.

– Ова е сериозен инцидент. Се случи нешто многу несоодветно. Многу е опасно кога авион ќе ги исклучи транспондерите, изјави шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист.

Инцидентот се случил вчера околку пладне во меѓународниот воздушен простор над територијата на Шведска. Веднаш по инцидентот, кој според шведските власти, бил „многу сериозен“, комерцијалниот авион добил наредба да го смени курсот.

Шведските медиуми јавуваат дека комерцијалниот авион летал кон Полска, но не посочуваат на која авиокомпанија и припаѓал и колку патници имало во него.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица