Полската опозиција обвинува за фалсификат на локалните избори

Од:

Илјадници поддржувачи на најголемата полска опозициска партија, Закон и праведност (ПиС) се собраа денеска на протест во Варшава, поради, според нив, направениот фалсификат на неодманешните локални избори во Полска.

Како што јави ТАСС, протестот се одржа по мотото „Марш за одбрана на демократијата и слободата на медиумите“.

– Ова е марш за одбрана на демократијата, медиумите, новинарите и пред се, на нашите граѓански слободи. Фалсификатот на изборите претставува отстапување од демократијата и фактички нејзина ликвидација, изјави на собирот лидерот на ПиС, Јарослав Качињски.

Тој оцени дека на локалните избори на граѓаните „од рацете им биле одземени гласачките ливчиња, кои се основа на демократскиот систем“.

– Треба да направиме се што е во наша можност да се спротвставиме на тоа, додаде Качињски.

Објавувањето на резултатите од локалните избори доцнеше поради вирус во компјутрескиот систем на изборната комисија, што беше мотив за опозицијата да обвини за фалсификат. Од друга страна, изборните тела прогласија голем број гласачки ливчиња за неважчки, поради погрешно заокружување.

Сепак, и покрај ваквите проблеми, не беа најдени никакви докази за обвинувањата на ПиС за изборен фалсификат.

Противниците на Кичињски го обвинуваат дека со тврдењата за фалсификат само сака да го мобилизира своето гласачки тело пред парламентарните избори што треба да се одржат на есен идната година.

На локалните избори во Полска, одржани на 16 и 30 ноември, најмногу гласови доби ПиС на Качињски, но таа сепак вкупно освои помалку места во општинските совети од владејачката партија Граѓанска платформа.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази