Куба првпат на Самитот на Северна и Јужна Америка

Од:

Куба по првпат ќе учествува на самитот на лидерите на Северна и Јужна Америка, во Панама на 10 и 11 април, што претставува можност за средба на претседателите на САД и Куба, Барак Обама и Раул Кастро.

Седмиот Самит на лидерите на Северна и Јужна Америка, исто така преставува можност за опуштање на тензиите меѓу САД и Куба.

На Куба не и беше дозволено да учествува на претходните шест самити, кои ги спонзорира Организацијата на американски држави (ОАС), бидејќи е исфрлена во 1962 година на иницијатива на САД.

ОАС во 2009 година ја повика Куба повторно да и се приклучи, но Хавана тоа го одби.

– Куба потврди дека на самитот ќе присуствува владиниот врв, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Панама Луис Мартин, но не можеше да потврди дали делегацијата ќе ја предводи претседателот Раул Кастро.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија