Ставрески: Новите инвестиции се потврда на владините економски политики

Од:

Министерот за финансии Зоран Ставрески смета дека новите инвестиции на холандската VPTEX и германската „Бионика Фармацеутикалс“ се најдобра потврда дека мерките и политиките на Владата, напорите што ги прави да ја подобри бизнис климата, даваат резултати.

„Ние постојано работиме на подобрување на бизнис климата и на привлекување на инвеститори, но и на создавање услови домашните инвеститори да вложуваат повеќе. Денеска беше еден ден во кој што имавме можност да отвориме една нова фабрика и да се постави камен темелник на уште една фабрика кои ќе донесат стотици работни места, извоз на македонски производи во Европа, што на некој начин се резултира во практика со се повеќе инвестиции“, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Тој додаде дека компаниите присутни во слободните економски зони веќе извезуваат производи од Македонија за над 550 милиони евра, што, како што рече, е 16 проценти или една шестина од македонскиот извоз.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто