Лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, на трибината на опозицијата во Струмица праша каде е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, каде е професорот Иванов и зошто на протестот не беше со студентите?
„Власта за да го сврти вниманието на јавноста предлага нов грб. Нас не ни треба нов грб, ни треба нова Влада. Владата падна на екстерното. Не сакаат да ја видат реалната слика, нивните медиуми пишуваат дека биле 2.000 студенти, се чудат од каде е енергијата“, рече Жерновски.
Лидерот на ЛДП посочи ако порано сме се прашувале како месецот да го поминеме, сега се чудиме како да го поминеме денот. Нема пара за студентите и за студентските домови, праша каде се новите студентски домови кои министерот за образование ги ветуваше дека ќе бидат направени веднаш по изборите, откако излегоа оние грди слики за студентското секојдневие.
„За 9-годишната Тамара од Велес нема пари за отстранување на деформитетот на ’рбетниот столб. Нема пари за струја во болниците, па сестрите и лекарите се снаоѓаат и осветлуваат со мобилни телефони, но има пари за барок во Центар и Скопје“, рече Жерновски.
Сега, посочо, малку им беше што издвоија 10 милиони евра за барокна фасада на Владата туку и во дополнителни 3 за ентериерот, 11 милиони евра му дадоа на Коце за барокните фасади, а 18,5 милиони евра ќе потрошат за панорамското тркало.
„Денес Република Македонија, изгледа вака: Полна каса на владата празен џеб на граѓаните, затоа народот се повеќе излегува и доаѓа да ја подржи опозицијата, затоа ќе им кажеме и одовде доста е“, рече Жерновски.