Велшки политичар бара забрана за „Дилајла“ на Том Џонс зашто заговара убиство

Од:

Поранешниот лидер на велшката национална партија Плаид Кимру, Дафајд Ајуан побара забрана за класичниот хит на Том Џонс „Дилајла“ затоа што текстот на таа популарна песна е „премногу насилнички“.

Овој хит на Велшанецот Том Џонс,од шеесетите години на 20 век,остана до денес популарен и често исполнуван,а од поодамна претставува и химна на навивачите на велшката репрезентација во рагби. Сега Ајуан смета дека „Дилајла“ е апсолутно несоодветна за спортско навивање,бидејќи заговара домашно насилство.

– Станува збор за песна за убиство и за убивање на жена, вели овој велшки политичар и приговара што токму една ваква песна,со ваков текст е претворена и во втора национална химна на Велс.

Велшката рагби федерација ги отфрли ваквите толкувања на Ајуан како сосема неприкладни.Претставник на федерацијата оцени дека ако сака да се бара насилство,тоа го има и кај Шекспир,дури и во неговата драма „Ромео и Јулија„ па никој не помислува таа да се забрани.

– Што се однесува до навивањето во текот на натпреварите на велшката репрезентација, луѓето се веселат на музиката,а не на текстот, вели тој претставник.

Се уште популарниот пејач Том Џонс реагираше смирувачки на барањата да се забрани хитот по кој тој е веријатно и најмногу познат низ светот.Тој изјави дека е горд што неговиот дамнешен хит сега им помага на навивачите да ги бодрат велшките рагбисти,но уверува дека нема ништо спорно во текстот,затоа што тој, според.Том Џонс само „одразува нешто што се случува во животот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ