Истражување: Децата не треба да се казнуваат кога лажат

Од:

„Од устата на децата излегува вистината“, вели една стара поговорка, а за да стане реалност не треба да се казнуваат децата кога ќе лажат, бидејќи тоа е контрапродуктивно, тврдат канадски научници чија студија е објавена во списанието „Journal of Experimental Child Psychology“.

– Казнувањето не ги поттикнува децата да зборуваат вистина, напоменуваат истражувачите од Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Тие со скриена камера следеле 373 деца на возраст од четири до осум години кои се оставени сами во соба со забрана да гледат во играчка која се наоѓа зад нивните грбови. Поголемиот дел од децата (67 посто) ја прекршиле наредбата, а две третини од непослушните потоа излажиле дека не се свртеле.

Викторија Талвар, една од учесничките во истражувањето, смета дека децата не треба да се плашат со казни.

– Заплашувањето со казни има спротивен ефект и само ги намалува шансите детето да ја каже вистината, посочи Талвар.

За време на експериментот, децата кои најмалку лажеле се тие кои биле охрабрувани да ја кажат вистината и кои биле уверени дека нема да бидат казнети.

Имено, кога децата биле повикани на искреност, затоа што тоа е исправно однесување („да се каже вистината е добро“), 85 посто од нив биле упорни во лажењето доколку им се заканувале, додека 45 отсто од нив ја кажале вистина верувајќи дека нема да бидат казнети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ