Филмот „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески во февруари и март идната година ќе биде претставен на фестивали во САД и во соседна Србија.
На 28 февруари 2015 година филмот ќе биде претставен во официјална конкуренција на фестивалот Beliot International Film Festival во САД.
На 4 март, пак, филмот ќе биде прикажан на 43. филмски фестивал FEST во Белград, во конкуренција за наградата за најдобар балкански филм Небојша Ѓукелиќ.