Припадници на новоформираниот полициски тим за борба против трговијата со дрога во Турција запленија над половина тон хероин во најголемата операција во земјата оваа година, јави Анадолија.
Во операцијата беа конфискувани 556 килограми хероин и беше приведено едно лица на 35 годишна возраст.
Операцијата е извршена во канцеларија во Анкара, а полицајците дејствувале по претходно добиен повик.
Дрогата била поделена во пакети и подготвена да биде испратена во Европа за новогодишните забави.
Вредноста на запленетата дрога изнесува околу 32 милиони евра.