Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози.Појава на магла има на планинскиот превој Плетвар, каде видливоста е намалена на 70 метри.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Авто-мото сојузот препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.