Во културниот центар „Култура 365“ во Охрид денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Кога уметноста е живот, животот е уметност – Есеи “ од Петко Шипинкаровски.
Шипинкаровски е писател, поет, драмски автор, есеист…, автор е на 20-ина романи, поетски збирки, раскази, монодрама, зборници, книги со историска содржина, романизирани монографии и на голем број прилози. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонското научно друштво од Битола.
Најновото критичко-есеистичко дело на струшкиот автор Петко Шипинкаровски ќе го промовира Тоде Илиевски.