Порошенко: Конечно вистинско примирје во Источна Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека во Украина има „вистинско“ примирје по еднодневниот прекин на судирите, но призна дека станува збор за „кревка“ ситуација.

– Имам позитивни вести. Денеска се првите 24 часа во изминатите седум месеци да имаме вистинско примирје во Украина, изјави Порошенко во Канбера, каде се наоѓа во повеќедневна посета на Австралија.

Не можете да замислите колку е ова важно за мене. Ова е прва ноќ во која немаме повреден или загинат украински војник, истакна украинскиот претседател.

Прекинот на огнот на 24 часа почна во петокот со надеж дека ќе помогне за решавање на осумесечните судири во кои најмалку 4.300 лица се убиени, а речиси еден милион се раселени.

Порошенко тврди дека изминатите 24 часа минале без инциденти и доколку се задржи прекинот на огнот, тоа ќе биде голем чекор кон мир и стабилност во Украина. – Се е така кревко. Но, се молам овој процес да продолжи, изјави тој.

Според Порошенко судирот во Украина не е само за независност и територијален интегритет, туку војна за глобална слобода, војна за демократија, и глобална безбедност.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион