Одборот на Сенатот на САД одобри војна против Исламска држава

Од:

Надворешно-политичкиот одбор на американскиот Сенат даде одобрение на администрацијата на претседателот Барак Обама за војна против екстремистичката група Исламска држава.

Одборот ја одобри резолуцијата, чиј автор е претседавач од редовите на демократите сенаторот Роберт Менендез, со која операциите се ограничуваат на три години, додека ангажирањето на копнените сили е можно само во одредени ситуации.

Тоа беше прво изјаснување во Конгресот со кое се одобруваат воени дејствија на САД против ИД. За одлуката гласаа десет сенатори, а осум беа против.

Во борбата против екстремистите на ИД, Обама се потпираше на одобренија на Конгресот кои поранешниот претседател Џорџ Буш ги користеше да ја оправда воената акција по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. 

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија