Промоција на „Смртта на уметноста“ од Костадин Героски

Од:

Вечерва во 20 часот во „Фросина“ МКЦ ќе биде промовиран новиот роман „Смртта на уметноста“ од Костадин Героски, во издание на Магор.

За книгата ќе говори проф. Елизабета Шелева, за овој ракопис вели:

„Ракописот на Героски е интригантно четиво кое оддишува со интелектуална зрелост, реторичка елоквентност, мета-јазична и мета-фикционална амбиција и подготвеност, да се отскокне од романескното раскажување кон есеистичкото и програмско втемелување на една нова, макар и само „концептуална“ и утописка идентификација на современите Македонци“.

smrttanaumetnosta

На вечерашната промоција делови од романот ќе интерпретира Елена Митреска.

Костадин Героски е роден 1988, убеден е дека и после вечноста постојат светови. За своите метаафористички есеи, раскази, поезија бил награден повеќекратно. Објавувал есеи во „Репер“, „Зеница“ и „Наше Писмо“- списание на независните писатели на Македонија.

„Смртта на уметноста“ во издание на Магор е негов прв роман. Претставува експлозивен и оптимистичен роман замислен како манифест, пуч на новата генерација млади уметници во светот. Афористична поезија во проза, истовремено и вулгарна и експериментална која ги дава сите одговори на вечните прашања.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска