Поради појава на магла, видливоста на Пресека е намалена до 10 метри, на Плетвар до 50 метри и на Стража до 100 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.