Во предградие на Мадрид запленета е најголема пратка на екстази во историјата на Шпанија. Сто килограми екстази се откриени во камион кој пристигнал од Бугарија, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.
Во полициската операција уапсени се четири лица, меѓу кои и возачот на камионот. Операцијата била преземена во соработка со полициите на Велика Британија и на Бугарија.
Шпанската полиција била известена од странските колеги. Камионот тргнал од Бугарија, а бил пресретнат уште на шпанскофранцуската граница и бил следен до Мадрид.