Објаснувањето е многу едноставно: ако не сте среќни во врската, тоа нема да се промени ниту со романтично шетање низ градот, семејни дружења или подарок кој веќе подолго време го посакувате. Еве зошто не треба да се живее во страв од разделба за време на празниците.
Штедење
Колку да звучи непријатно – имате еден трошок помалку. Сега кога не мора да купувате подарок за него, можете за себе да издвоите пари за подароци за блиските лица.
Новогодишни забави
Зошто на сите новогодишни забави би го водела него, ако тоа веќе не е тоа? Излезете со пријателите и одлично забавувајте се. Освен тоа, не е исклучено токму таму да запознаете некој друг.
Негови роднини
Не мора да за празниците да одите кај неговите родители и да одговарате на многу прашања, како на пример каква ви е врската, кога свадбата, планирате деца и слично. Посветете го времето на своето семејство.