Во планинското село Нагоро во јужниот дел на Јапонија, некогаш живееја неколку стотици семејства. Но, денес во него живеат само 35 лица.
За да се исполни празнината што зад себе ја оставија починатите или иселените соседи, жителката на Нагора, Цукими Ајано, почнала да прави плашила кои денес ги има три пати повеќе отколку луѓе.
Ајано (65) е една од најмладите жителки на Нагора. Таа пред неколку децени се вратила од Осака за да се грижи за нејзиниот татко. – Тие ми ги враќаат спомените, вели Ајано за куклите кои се наоѓаат на секој чекор, на автобуската станица, во напуштените куќи, на тремовите, под дрвата…
– Оваа стара госпоѓа некогаш доаѓаше на чај. Стариот човек сакаше да пие саке и да раскажува приказни. Ме потсетуваат на старите времиња кога се уште беа живи и здрави, вели таа покажувајќи на две од многуте кукли кои ја опкружуваат.
Повеќе од десет илјади градови и села во Јапнија се останати без жители, а куќите и инфраструктурата посетепно се рушат.
На севрноисточниот дел на земјата силни земјотреси и цунами кои опустошеа многу места и убија повеќе од 18.000 луѓе, само го забрзаа овој процес.
Се уште никој нема идеја како да заживее оваа мала средина. Некои заедници прават разни стратегии за привлекување на нови жители и го успорија или го запреа процесот на изумирање.
Тоа сепак не успеа во Нагоро. Улиците се речиси празни, а најголемиот број продавници и куќи се засекогаш затворени.
Гасењето на локалното основно училиште пред две години беше капка која ја прелееа чашата. Ајано ги отклучува вратите и ги води посетителите низ беспрекорно чистите училници, каде наместо ученици седат плашила.
По враќањето во своето родно место пред 13 години, Ајано се обидела да се занимава со земјоделство и тогаш почнала со правење на плашила за своите посеви.
Од тогаш направила повеќе од сто кукли од кои секоја како будистичка скулптура имаат друга улога – една е ковач, друга милува мало плашило кое и седи во скутот, трета спие под дрво…
Нејзиниот труд дури привлекуваат и туристи.
– Да ги нема плашилата, никој нема да застанува во Нагора, вели Ајано.