Кина денеска успешно лансираше во орбитата експериментален сателит „Јаоган-25“, јавија кинеските медиуми.
Лансирањето било извршено од космодромот Џијукван во северозападната провинција Гансу со помош на ракета носач „Чанчжен-4 Си“ (Long March – 4C), јави ТАСС.
„Јаоган-25“ е наменет за извршување научни експерименти и набљудување на површината на Земјата. Информациите добиени од сателитот ќе се користат за анализа на податоци во земјоделството, а исто така и за намалување на штетите од од природните непогоди.