Милион луѓе во Австрија имаат здравствен проблем кој го добиле заради работата, а околу 3,3 милиони на работното место се изложени најмалку на еден физички или психички фактор за ризик од некое заболување, се вели во податоци од Статистичкиот завод на Австрија.
Тоа истражување спроведено во 2013 година покажало дека седум од десет вработени наведуваат физички фактори за ризик од заболување, а 40,3 отсто се пожалиле на најмалку еден психички.
Најспоменувано физичко преоптеретување било напор за очи што го потврдиле 35 отсто испитаници. Четвртина од работната сила е соочена со тешки оптеретувања или е изложена на опасност од повреди.
Под влијание на бучава, прашина и жештина работат околу петтина. Временски притисок и премногу обврски на работа навеле 38 отсто како најчесто психичко оптеретување.
Насилство или закани со насилство се соочиле четири отсто додека малтретирање или мобинг навеле 3,4 отсто.
Најголемо психичко оптеретување е забележано во здравството – 51,2 отсто. Вкупно 15,6 отсто (околу милион луѓе) навеле најмалку еден здравствен проблем кој се појавил поради работата што ја работеле.