Правен факултет го отфрли предложениот концепт за државен испит

Од:

Деканската управа на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ вели дека идејата за воведување на систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Македонија е за поздравување, но понудениот модел е несоодветен да се вклопи во пошироките концепти на организирање на високото образование и на општествено уредување Македонија и дека има сериозни недостатоци. Во дописот пишува и дека предложеното полагање на државниот испит би се поклопило со полагањето на колоквиуми, пишува МЕТА.

„Нашите студенти по завршувањето на високото образование, за сите служби од правната сфера веќе полагаат бројни државни испити. Така, идните судии, обвинители и адвокати задолжително полагаат правосуден испит, идните службеници задолжително полагаат стручен испит, идните нотари задолжително полагаат нотарски испит, идните извршители задолжително полагаат државен испит за извршители“, наведено е во дописот.

Според Правниот факултет, со воведувањето на државниот испит во текот на студирањето се нарушува и болоњскиот процес на кој се заснова Законот за високото образование.

„Правниот факултет ја поздравува идејата на Владата за донесување на комплетно нов Закон за високото образование со кој конечно ќе се реши статусот на јавните и приватните високообразовни установи во државата и искрено се надеваме дека со новите законски решенија нема да се дозволи како досега, одредени јавни високообразовни установи да се финансираат со 78,5% буџетски средства, а за останатите, средствата кои не им се исплаќаат од државниот буџет да ги надополнуваат од кофинансирањето на студентите, пишува во дописот.

Сите вработени на факултетот треба до петок да го кажат својот став за државниот испит, кој потоа ќе бидат пратени до Министерството за образование.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март