Тешко прооден патот до три села од подножјето на Кожуф поради снегот

Од:

Тешко е прооден патот до три села од подножјето на Кожуф поради снежна покривка од околу 20 сантиметри. Засега само со џипови се стигнува до селата Бојанчиште, Бохула и Чемерско, информираа денеска од кавадаречката компанија „Јами“, која локалната самоуправа-Кавадарци ја избра за зимско оддржување на патиштата од општината.

– Интензивно се работи на терен, веќе целосно е оспособен за движење патот кон селата Мрежичко, Рожден и Мајден каде што се наоѓа светски познатиот рудник Алшар. Во моментов механизацијата работи на потегот кон Михајлово, а до вечер за движење и со лесни возила ќе бидат оспособени и патиштата кои водат до трите села до кои сега потешко се стигнува, па целиот регион на подножјето од Кожуф ќе биде целосно прооден за движење, соопштија од компанијата задолжена за одржување на патиштата во зимски услови.

Од компанијата информираат дека годинава имаат обезбедено и дополнителна механизација, па со збогатениот возен парк, очекуваат расчистување на патиштата од снег, во најкус можен рок.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска