Писателката и активистка Ајан Хирси Али е во основа исклучителна жена, интелектуалец и храбра. Природно затоа е омразена во модерното феминистичко движење.
Не можеме да имаме жестоки интелигентни жени кои зборуваат за важните прашања кога владеат тривијални глупости за кои треба да се блее: зошто да се грижиме за гениталните осакатувања на жените кога Тони Абот дрско намигнува и гледа во часовникот?
Принципиелниот и бескомпромисен пристап на Хирси Али кон еднаквоста и човековите права е во спротивност со фаталното внимание кое се издвојува од пискавите феминистките кои доминираат со агендата во Австралија, Велика Британија и во САД, иако може да се дискутира околу тоа дали нашите локални лилјаци имаат поставени нови стандарди во искажувањето на лажен гнев.
Не се работи само за преокупацијата на Хирси Али со правдата која го збеснува сестринството, туку е тоа нејзината посветеност да го истакне она што таа го леда како коренита причина во голем дел од вродената мизогонија во светот – во исламот.
Мнозина од левичарите едноставно не можат да се помират со единствената религија која тие не ја гледдаат како причина да биде критикувана; со текот на времето и левичарите феминистики застанаа на страната со радикалниот ислам, наместо да застанат зад обесправените жени од заедниците кои се придржуваат кон назадните културни пракси.
Кој може да го заборави идиотството кај австралиските жени кои донираа хиџаби како солидарност со нивните муслимански сестри, во време кога жените во Иран беа ослепувани во напади со киселина затоа што го прекршиле кодот за носење на хиџаб на улица?
Потоа тука е Џермејн Грир, на која и се допаѓа женското обрежување, што се врши кај милиони жени секоја година, за да направат естетска операција на градите или да стават пирсинг. Треба да сте со изопачен ум за да споредувате млада жена која ја држат додека нејзиниот клиторис и лабиа се отсекуваат без анестезија, со жена која одбира да го смени изгледот преку козметичка операција со пирсови или тетоважи.
За оние кои се образувани, западните жени на кои им е иста болката до агонија и ефектите од доживотното осакатување со женското обрежување и пластичната хирургија, не е само навредливо, туку е и очајно. Но, ваквиот културен релативизам е полупларен меѓу некои феминистки, кои ја сметаат осудата за женското обрежување како напад врз културниот идентитет.
Но, нема да слушнете слични аргументи од Сомалијката Хирси Али, која е помеѓу 140-те милиони жени низ светот кои страдале од женското обрежување. Таа минала низ отсекувањето на гениталите, кое има за цел да се ограничи жената од сексуалното уживање и да се направи социјално прифатлива за мажење – кога има само пет години. Кога таа неодамна зборуваше на вечерата Жените на Валур на Независниот форум на жените, Хирси Али ги нападна жените кои го претворија феминистичкото движење од погон за едукација на девојките и обесправение жени во нешто кое е опседнато со „тривијални гомненици“.
Таа ја повика публиката „во акција за повлекување и повторно освојување на феминизмот од сродните жени идиотки“ и да се поведе вистинска војна; онаква каква води радикалниот ислам.
За повторно освојување на феминизмот исто така неодамна повика и политички активист и коосновач на Правда за жените, Џули Биндел, која напиша за нејзиниот очај во „сегашната клима на макартизмот во рамките на некои сегменти од феминизмот и левичарството“.
Биндел наведува дека половиот апартхејд кој се промовира на британските универзитети е пример за тоа колку далеку феминизмот застранил од своите оригинални цели; студентите на Кингс колеџот во Лондон ја подржаа половата сегрегација во содејство со желбите на некои студенти муслимани.
Кога дури и левичарските феминистки кои водат кампањи го нарекуваат своето движење „затруено“, тогаш сфаќате зошто толку жени одбиваат самите да се идентификуваат како феминистки.
Постојат добри причини зошто успешните жени од сите аспекти во животот, од министерот за надворешни работи (на Австралија) Џули Бишоп и извршниот директор на Јаху, Мариса Маер, па се до актерата Гвинет Палтроу, не сакаат да бидат обележани со зборот „ф“.
Зошто да се идентификувате со движење кое повеќе е загрижено со дебати за замолчување отколку со борбата за интересите на најобесправените жени во општеството?
Тие безволно се интересираат за вистинските случаи за кои вреди да се протестира, колку што е највештачки и најсебично можно, како што е следењето на активизмот на Твитер, кој се појави по киднапирањето на повеќе од 200 девојчиња од терористите од Боко Харам од нигериските училишта.
Изненадува што садистите милитанти, кои запалија 59 момчиња ученици во претходен напад, не ги ослободија девојчињата и покрај тоа што славни личности постираа јадни селфи фотограффии барајќи од нив да го сторат тоа. Ученичките кои беа киднапирани од Боко Харам се девојчињата за кои Хирси Али и другите се борат. Тие, како и таа, се жртви на најбруталната можна мизогонија, онаа која бара девојчињата да бидат осакатувани, продавани или убивани во името на религијата. Оние кои мислат дека добриот Бог сака жената да издржи бавно мачење до смрт со каменување заради „злостроство“ со неверство.
Осмелувајќи се да зборува за исламот, Хирси Али беше нападната и доби смртни закани. Таа соработувала со Тео ван Гог во краток филм кога врз режисерот беше пукано и тој почина од страна на исламски терорист. А на почетокот од годинава, една онлајн петиција го натера Универзитетот Брандејс да ја смени својата одлука да и даде почесна докторска титула на Хирси Али.
Но, Хирси Али не е таква за да се соркие во топлата обвивка како жртва. Таа го користи своето знаење и интелект за да фрли светлина врз маката на милиони безгласни девојки и жени низ светот.
Тоа би требало да ја превори во хероина во сестринството, но наместо тоа глупавоста која го карактеризира поголемиот дел од феминистичкото движење, ја смета неа за непријател.
Јуроп њуз – Брабанд