ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

Од:

Претставниците на седумте членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот „Јужен тек“ се согласија во Брисел да тргнат по алтернативни патишта за увоз на гас, како што е „Јужен коридор“, кој го поврзува Азербејџан со Италија, пренесе Мета.

Министрите за енергетика на Италија, Австрија, Бугарија, Словенија и Грција, како и амбасадорот на Хрватска при ЕУ, разговарале со европскиот комесар за енергетика Марош Шефчовиќ за последиците од откажувањето на Русија од изградбата на „Јужен тек“ и се договориле да се свртат кон други проекти.

Министрите, како еден од важните алтернативни патишта го навеле „Јужен коридор“, кој од наоѓалиштето во Каспиското Море би требало да мине низ Азербејџан, а потоа преку Грузија, Турција. Грција и Албанија, за да стигне до Италија, за што е потребно изградба на делница преку Јадранското море.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ