Висок претставник на ОН ги повика САД да ги изведат пред суд одговорните за измачувањата

Од:

Експерт на Обединетите нации за човекови права изјави денеска дека извештајот на Сенатот на САД за измачувањата во тајните затвори на ЦИА јасно ја разоткрива политиката, оркестрирана од повисоките инстанци на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш и повика за покренува судска истрага против лицата, кои наредувале извршување „систематски злосторства врз приведените“.

Според Бен Емерсон, специјален известувач на Обединетите нации за човекови права и контратероризам, високите службеници на администрацијата на Буш, кои ги планирале и извршувале тие злосторства, како и функционери од ЦИА и други државни службеници треба да бидат изведени пред суд и да бидат казнети.

– Според меѓународното право САД се должни да ги изведат пред суд одговорните за тие злосторства, нагласи Емерсон во соопштение, објавено во Женева.

Тој додаде дека меѓународното право забранува давање имунитет на државни службеници, кои се вмешани во случаи на измачување.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ