Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и еврокомесарот за одоноси со соседните земји и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан го поздравија денеска формирањето на новата косовска Влада и повикаа за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
– Среќна сум што ќе соработувам со новата Влада за евроинтеграцијата на Косово и дијалогот на високо ниво за нормализирање на односите со Белград, изјави Могерини.
Таа апелира до новиот кабинет да ја продолжи соработката со мисијата на ЕУ на Косово – ЕУЛЕКС и да усвои нови закони, кои ќе дозволат формирање на специјален суд за воени злосторства, извршени на Косово.
Еврокомесарот Хан, исто така, повика за продолжување на реформите, нагласувајќи дека Владата треба да направи дополнителни напори за применување на Договорот за стабилизација и асоцијација на Косово со ЕУ, кој беше потпишан во јули оваа година.
Косовскиот Парламент денеска го изгласа составот на новата Влада, која е формирана пред шест месеци по предвремените парламентарни избори на 8 јуни.