Механизацација и екипи на Македонија пат го исчистија од снег коловозот на патниот правец од р-1 309 – Шумската куча до Пониква на Осоговските планини.
Употребени се 10 метри кубни материјал и три тони сол. Снежната покривка изнесува 10 сантиметни и се зголемува од постојаното врнење.
– Наша механизација и екипи работеа и на магистралниот пат А-3 кај зафатот на брана Калиманци каде што се отстранети карпа и наноси од камен. Со тоа и втората лента од коловозот е оспособена за сообраќај, изјави Влатко Јорданов, раководител на подружницата на Македонија пат во Кочани.
Од поројните дождови утрово се отсранети и одроните од камења на магистралниот пат Р-1 -304 Превалец Берово. Се предупредуваат возачите на овие патни правци да возат внимателно зошто врнежите од дожд кои се присутни и во Источна Македонија создаваат нансои од камења и земја на коловозот.