Гостиварец на веселба се застрелал во нога

Од:

Седумдесет и девет годишен гостиварец синоќа на семејна веселба во с.Горна Бањица, Гостиварско, по грешка самиот се застрелал со пиштол во нога.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 22:15 часот кога гостиватрецот А.А. испукал осум куршуми во воздух од пиштол калибар 9мм, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми, испукал кон земја, но се погодил во левата нога.

Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчитување и документирање на настанот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи