ВИДЕО: И партиски активисти и „независни“ студенти против протестот

Од:

Една од методите за дискредитација и спречување на Студентскиот марш е и ангажирање на студенти кои пред камера говорат дека марш не треба да се одржи и дека државниот испит е добра замисла.

Една од нив, која се појави вчера е Теодора Николовска.

„Нашата „независна,слободоумна” колешка Теодора Николовска, која се изјасни „За“ државниот испит во изјавата на Курир. Јасно е од каде дошло тоа „ЗА“.

Токму Николовска, вчера јасно кажа дека политичка партија ги злоупотребува студентите, а зад тоа стојат СДСМ и Сорос.

drr1

Ист е случајот со студентот на Економски факултет Томе Кепески. Тој не сакал да биде партиска марионета и не го поддржува протестот, но активно учествува на состанок на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

studentUMSkarpos

Ова се случува на секои најавени протести. Веднаш, партиски активисти, под маска на независни, застануваат во одбрана на владините реформи и потези. Има буквално лица кои протестираат за се.

Еднаш се верници, друг пат делегати на претседателски конвенции, еднаш се земјоделци, друг пат административци.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on