„Меѓаши“ ќе го презентира извештајот за СОС-телефонот

Од:

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ќе го презентира извештајот за работата на СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 и службите за директна помош и поддршка на децата за периодот од јануари до 30 ноември 2014 година.

Ќе бидат сублимирани и презентирани статистички обработените податоци, генералните заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Република Македонија, како и конкретни случаи, импресии и согледувања од работата на СОС телефонот за деца и млади.

За генералните заклучоци и препораки од работата на СОС телефонот за деца и млади и службите за дирекна помош и поддршка при Детската амбасада „Меѓаши“ ќе говори извшниот директор и основач на „Меѓаши“ Драги Змијанац.

Презентации ќе имаат и Јана Зенговска – психолог, координатор на СОС телефонот за деца и млади и Катерина Конеска, правник и раководител на програми во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска