ВИДЕО: Што договараа директорите во училиште на неработен ден?

Од:

Ова видео го добивме од наш читател. Вели дека пред да влезе на партискиот состанок, го снимил ова видео, на кое се гледа дека директори на средните и основните скопски училишта се собираат на состанок во гимназијата Ј.Б.Тито.

„Снимав од далеку, за да има некаков доказ за тоа како во нашата држава, преку директорите, се убива слободната мисла кај учениците. Не свикаа за да ни одржат лекции и да ни дадат задачи како да постапуваме по повод Студенсткиот марш. Треба да направиме се, што помалку ученици да се приклучат на студентите. Многумина од нас се засрамени од ова, но сите молчат од страв. А дека се работи за партиски состанок, докажува и присуството на еден претседател на општинската партиска организација. Ова би требало се да ни каже, каков беше овој собир“, ни напиша еден од присутните.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, претходно објави информација на својот Фејсбук добиена од човек кој денеска бил на партиски состанок на директори на средните и основните училишта од Скопје. На состанокот, како што пишува Жерновски, директорите од средните и основните училишта добиле задача да ги натераат учениците да не одат на маршот на студентите закажан за среда (10-ти декември) во 12 часот.

„До мене дојде информација дека денеска, на празник, директорите на средните и основните училишта од Скопје се повикани на партиски состанок во гимназијата Ј.Б.Тито. Еден од професорите, кој, од разбирливи прочини, побара да не му биде откриен идентитетот, револтирано ми посочи дека е срам тоа што се прави за да се спречи најавениот Студентски марш. Директорите добиле задача, по секоја цена, да ги натераат учениците да не одат на маршот, бидејќи тоа ќе влијаело на нивните оценки. Се одело до таму, во среда, по наредба, да се закажуваат испитувања и тестирања, без никакво оправдувања за непослушните“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар