Повеќе од 30 хуманитарни организации упатија денеска апел до држави во светот да прифатат околу 180.000 сириски бегалци кои сега се во соседни држави на Сирија.
– Таа цифра би била околу пет отсто од вкупно 3,6 милиони сириски бегалци колку се очекуваат во соседните држави во следната година, соопшти УНХЦР. Во соседните држави моментно има 3,2 милиони бегалци, а предвидувањата се дека тој број до крајот на 2015 година може да се зголеми на 3,59 милиони.
Прашањето за сместување на бегалците од Сирија ќе биде една од темите на утрешната конференција во женева.
Апелот е особено упатен кон држави кои досега не примале бегалци од Сирија, како што се држави од Персискиот Залив или латиноамерикански држави.